Големите луѓе се познаваат во вакви тешки периоди. Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо, самоиницијативно одлучи да се откаже од едномесечна плата со цел клубот да може да ги исплати примањата на вработените кои се на принуден одмор. Неговиот пример го следеше и спортскиот директор на Наполитанците, Кристијано Џинтоли.
Според договорот Гатузо заработува три милиони евра годишно, што значи дека едномесечна плата изнесува 250.000 евра, кои ќе се наметат како испомош за вработените.
Околу 30 вработени ви Наполи се на принудедн одмор откако управата одлучи да не им ги исплати платите за месеците април и мај, но Рино не седи со скрстени раце и реши самоволно да им помогне.
Во меѓувреме, фудбалерите од Серија А преговараат со клубовите околу целокупно скратување на платите додека трае прекинот на сезоната, со цел да може да се покријат останатите трошоци.