17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Џентлменски одговор на Мајнц до фанот кој се откажа од сезонскиот билет поради што имало многу црномурни играчи

Навивач на Мајнц пред неколку дена го поништи сезонскиот билет бидејќи не сакал да гледа како црномурни фудбалери преводалуваат во стартниот состав за тимот за којшто навива целиот свој живот. Бундеслигашот со џентлменски одговор му врати на фанот дека таквите како него не се добредојдени во клубот, кај нив нема простор за расизам.

„Секогаш ни е жал кога ќе изгубиме член, но не и во овој случај. Точно е дека ти не можеш да бидеш дел од нашата организација бидејќи за разлика од тебе, ние апсолутно не ги делиме нашите играчи според бојата на кожата и нивните верувања. Искрено, се радуваме што го откажа членството бидејќи во нашиот клуб нема место за расисти како тебе. Нашите легенди кои ги спомна, како Николче Новески, Марко Розе и останатите, се сосема задоволни од нашиот состав и неизмерно нè поддржуваат, за разлика од тебе“, стои во дел од соопштението.

Контроверзите со расизмот во изминативе неколку години зачестија во фудбалот во дел од топ-5 лигите во Европа, најмногу во Серија А, каде што последно Балотели беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Лацио.

- Оглас -

Најнови вести