Џентлменски потег на Пикси и Џака: Се ракуваа и прегрнаа после натпреварот (Видео)

Србија ја совлада Швајцарија со 2-0 на домашен терен во Лесковац и иако можеби многумина очекуваа проблеми и инциденти, на теренот мина се во најдобар ред. Ова посебно се однесува да Гранит Џака, кој е по потекло од Косово, а во Србија пристигна како капитен на Швајцарија.

Сепак, не само што на теренот беше коректно, после натпреварот селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, се ракуваше со Џака, но и се прегрнаа. Навистина џентлменски потег кој е за поздрав.

- Оглас -

Најнови вести