По серијата соопштенија, РФМ ги трампаше термините за полуфиналето на Купот

Жалопојките и самопофалбите во дел од соопштенијата на некои клубови околу термините за полуфиналето на ракометниот Куп за мажи донесоа пресврт, па сега наместо Вардар 1961 – Алкалоид да се игра утре, а Еурофарм Пелистер – Тиквеш в петок, како што првично одреди РФМ, дојде до трампа.

Вардарци и Фармацевтите се согласија да играат в петок, па сега победникот од тоа скопско полуфинале ќе биде во подредена позиција бидејќи ќе има еден ден помалку за одмор и подготовка за финалето.

Иако најдобро ќе беше двете полуфиналиња да се играат во ист ден, сепак новиот распоред е: Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014 (четврток 19.30 часот), Вардар 1961 – Алкалоид (петок 19.30 часот).

Финалниот натпревар ќе се игра в недела, 19 мај, во 19 часот. Завршницата на Купот ќе биде во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради надвор од терен, нека победи подобриот“, порачаа од РФМ.

- Оглас -

Најнови вести