Џентлментски потег во англиски манир – Тотенхем со порака до Ајакс: И вие сте херои, ќе се вратите посилни

„Имавте неверојатна сезона во Лигата на шампионите. И вие сте херои и ќе се вратите уште посилни. Главата горе“, е пораката од таборот на Тотенхем за Ајакс, по драматичниот реванш-меч на „Јохан Кројф“ арената вечерва.

Вистински џентлментски потег во англиски манир на клубот од Северен Лондон, кој покажа голем респект за Ајакс.

Клубот од Амстердам играше допадлив, возбудлив фудбал што не го остави никого рамнодушен, а во трилер-меч вечерва со гол примен во 96-тата минута испаднаа и нема да играат во финалето во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести