Џерард до Жиру: Јави ми се!

Стивен Џерард не би имал ништо против Оливие Жиру да дојде во Глазгов и да го засили шкотскиот Ренџерс. Џерард е тренер на Ренџерс, а колку силно посакува едно квалитетно засилување за нападот, кажа и во една изјава.

Жиру моментно не игра за Челзи, а договорот му е до јуни, па почнаа да го поврзуваат со шкотскиот великан, но Џерард наводно не знае многу за тоа. Сепак, признава дека Французинот би бил добро засилување.

„Искрено, не знам ништо околу Жиру, сега првпат слушам за такво нешто. Мислам дека тој е одличен фудбалер, дајте му го мојот број, нека ми се јави“, изјави екскапитенот на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести