Бразилецот Филипе Кутињо, кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила, најавуваат шпански и британски медиуми.
Барселона одвај чека да се ослободи од Кутињо кого скапо го плати во јануари 2018 година, а тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард, е некогашен соиграч на Кутињо од Ливерпул, кога Бразилецот блескаше, и знае што може да добие ако го донесе.
Најверојатната опција е Кутињо до крајот на сезонава да игра за Вила како позајмен, а потоа би можел да потпише договор со кој би станал член на премиерлигашот. Кутињо сака да игра на СП и му треба минутажа, која знае дека нема да ја добие во Барса со која има договор со 2023, па и тој бара да оди на друго место.
Интересно е што последниот меч кој Џерард и Кутињо го одиграа заедно, беше катастрофа од Стоук од 1-6. Стрелец за Црвените беше Џерард и тоа беше негов последен гол во дресот на Ливерпул.