Џерард му даде „шут карта“ на Велковски од Ал-Етифак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не е во плановите на тренерот Стивен Џерард, кој од неодамна го презеде тимот на Ал-Етифак.

Клубот од Саудиска Арабија беше на подготовки во Хрватска, а по завршување на тој период, Џерард му соопшти на Велковски дека нема да му биде потребен во новата сезона, па иако Македонецот има активен договор со клубот, ќе мора да си замине.

Велковски во минатата сезона одигра 14 лигашки дуели за Ал-Етифак. Претходно во кариерата има играно четири години во Риека, Вардар и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести