Џерард му ја спасува кариерата на Кутињо, следен што ќе го донесе во Астон вила е Суарес!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес во следната сезона би можело да се врати во Премиер лигата во Англија, и тоа во дресот на Астон вила. И во јануари имаше шпекулации дека Ел Пистолеро би потпишал за Вила, но до тоа не дојде, Суарес остана во Атлетико.

Сепак, во летниот преоден рок, искусниот голгетер би можело да замине во екипата чиј тренер е неговиот поранешен соиграч од Ливерул, Стивен Џерард. Популарниот Стиви Џи веќе успеа да прероди еден друг негов екссоиграч, Кутињо. Бразилецот блеска во дресот на Астон вила, па и Суарес со право верува дека би можел да си ја врати формата ако игра за тим во кој тренерот знае како да го искористи максимално.

За Суарес има и други заинтересирани клубови, пред сè, од САД, но ако реши да остане во Европа, Астон вила дефинитивно ќе биде кандидат за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести