Џерард: Никогаш не би бил тренер на Евертон

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард беше дециден дека никогаш ниту размислувал ниту ќе седне на клупата на Евертон. Џерард вели дека е зачуден како Рафаел Бенитес прифатил да го превземе кормилото на Евертон, затоа што шпанскиот стратег дури шест години беше тренер на Ливерпул и многу добро го знае ривалството на овие два тима.

Сепак, Џерард вели дека има разлика од тоа што во направи Бенитес и што би било ако тој реши да биде тренер на Евертон. Популарниот Стиви Џи моментно е тренер на Ренџерс со кој се израдува на титулата во Шкотска.

„Рафаел Бенитес не е роден во Ливерпул, не живеел во овој град со идејата дека треба да се биде Црвен. Тој не играл 20 години за Ливерпул. Затоа мислам дека мојата ситуација е многу поразлична од таа на Бенитес. За мене, клупата на Евертон никогаш нема да биде опција“, рече Џерард, кој в недела со Ренџерс ќе игра пријателски меч против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести