Џерард се сели во Саудиска Арабија и ќе му биде тренер на Дарко Велковски?!

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, ја прифатил понудата да се пресели во Саудиска Арабија и да биде тренер на Ал-Етифак, тим за којшто настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, објавија дел од медиумите од Блискиот Исток.

https://twitter.com/TheDalglishStnd/status/1668248601321959424?s=20

Џерард изминатата сезона ја започна на клупата на Астон вила, но поради слаби резултати, во октомври минатата година доби отказ и оттогаш е без ангажман.

https://twitter.com/_ma5n3_/status/1668231199074971649?s=20

Дел од медиумите од Блискиот Исток пак објавија дека Џерард ја прифатил понудата, дури се појави видеоснимка на која се гледа дека поранешниот капитен пристигнува на стадионот на Ал-Етифак и од следната сезона ќе работи во саудиската Про лига, во која ќе играат ѕвезди како Кристијано Роналдо, Нголо Канте, Карим Бензема…

Ал-Етихак, според специјализираната интернет-страница за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“, е четврта највредна екипа во саудиската Про лига, а сезоната ја заврши на седмото место.

- Оглас -

Најнови вести