18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Џерард во Ренџерс носи поранешен репрезентативен колега

Предводникот на Глазгов ренџерс, Стивен Џерард, сака да го засили својот тим со искусен голгетер. Како прва цел на англискиот стратег е назначен неговиот поранешен колега од репрезентацијата на Англија, Џермејн Дефо.

Дефо веќе извесно време не е во прв план кај Еди Хау, па раководството на Борнмут му даде зелено светло да си замине доколку најде нова средина. Џерард му нуди спас, а овој трансфер е сѐ поизвесен бидејќи и двајцата се клиенти имаат ист агент. Триесет и шестгодишниот голгетер има статус на легенда во Премиер лигата и би бил огромно засилување за Ренџерс кој ќе може многу да придонесе во трката за титулата во Шкотска.

Дефо во својата кариера ги бранеше боите на Тотенхем, Вест хем, Портсмут, Сандерленд, а доколку потпише за тимот од Глазгов, нема да му биде прв пат да го напушти Островот бидејќи извесен период играше за Торонто во МЛС-лигата.

- Оглас -

Најнови вести