2.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Џерард за ситуацијата во Ливерпул: „Не сакам Слот да добие отказ, но тука сум ако ме повикаат“

Ливерпул минатата сезона беше доминантен и на убедлив начин дојде до трофејот во Премиер лигата. Сепак, оваа сезона на Црвените не им цветаат рози, па во моментов се на петтото место со заостанување од 10 бода зад Арсенал.

„Не сакам Арне Слот да добие отказ. Сакам да се реши ситуацијата во која се наоѓа екипата и Ливерпул повторно да биде голем. Скокав од среќа по целиот град кога пролетта ја освоивме титулата. Но, ќе бидам брутално искрен и ќе признаам дека би влетал на помош во Ливерпул на која било позиција и кога било“, вели легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Четириесет и петгодишниот поранешен фудбалер на Ливерпул важи за вистинска легенда на Црвените со 17 сезони во првата екипа и 504 настапи. Во тренерската кариера беше дел од академијата на Ливерпул, а потоа беше прв тренер и на Глазгов ренџерс, Астон вила и Ал-Етифак.

- Оглас -

Најнови вести