Џерард задоволен од Јанис, синот на легендарниот Хаџи останува во Ренџерс

Стивен Џерард и во новата сезона ќе смета на услугите на Јанис Хаџи, младиот романски офанзивец, кој инаку е син на легенрадниот Георге Хаџи. Јанис во зимскиот преоден рок пристигна на „Иброкс“ како позајмен играч од Генк, а со добрите настапи, особено во Лигата на Европа, покажа дека може да ја прави разликата за составот на Џерард.

Штом се отвори преодниот рок, Ренџерс ќе исплатат околу пет милиони евра на Генк како договорена сума при реализирањето на привремениот трансфер. И самиот Хаџи има желба да остане во Шкотска и да се развива под палката на иконата на Ливерпул, така што прашање на време e кога ќе се официјализира соработката.

Хаџи за Ренџерс пред прекинот на сезоната запиша 12 настапи, во кои забележа три гола и две асистенции, додека два гола од вкупниот учинок ги реализира против во пресвртот против Брага од 3-2 во првиот меч од првата нокаут-фаза во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести