Џердан Шаќири изгоре, ама лудо си поминува на јахта на Ибица во женско друштво (Фото)

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири, беше фатен од папараците во близина на Ибица на една јахта со неколку згодни девојки и пријатели. Крилото на Ливерпул реши да си се почести со одмор на кој ќе ужива до максимум, а ги почести и папараците со неколку компромитирачки пози.

Во еден момент, Шаќири опкружен со три девојки, гледа во своето меѓуножје, додека еден од неговите пријатели пушта раце кон задникот на една од девојките, додека кај другата ѕирка тетоважа на интересно место.

Опуштениот Џердан е фатен и како го повлекува својот шортс, а цревото го намести така што млазот прска во правец на неговите гениталии.

На сликите се гледа и скап шампањ, нема дилеми дека журката била со алкохол и убави жени, а забележливо е и дека Шаќири е изгорен од сонцето. Веројатно занесен во забавата заборавил да се намачка со крема за сончање, па сега стомакот му е црвен како да носи дрес на Ливерпул.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести