„Џезерите“ ќе немаат мака против Далас, Јокиќ е сигурен плус

8461 Јута џез – Далас маверикс (Плејоф, 1:1, 03:00 часот)

Настапот на Лука Дончиќ и за оваа средба е под знак прашалник, но тој и да игра вечерва, сигурно нема да биде на својот максимум.

Од друга страна, пак, Џезерите предводени од триото Донован Митчел, Богдан Богдановиќ и Руди Гобер се една од најдобрите домашни екипи. Ова можеби ќе биде и одлучувачкиот меч за тоа како ќе се одвива целата оваа серија.

На четири од последните пет средби, Јута е тимот којшто се радувала на победа, а така ќе биде и по овие 48 минути.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.95)

 

8416 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Голден Стејт ворирорс, Плеј оф, 0:2, 04:00 часот)

Тешка ќе биде мисијата на Денвер нагетс за да го елиминираат Голден стејт, кој одеднаш стана еден од најголемите фаворити за титулата во НБА-лигата.

„Воините“ во своите редови ги имаат Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дејмонд Грин, а Никола Јокиќ е без поголема поддршка од останатите соиграчи, па затоа и резултатот е 2:0 за Голден стејт.

За првпат серијата се сели во „Бол арената“, а Јокиќ нема друга опција освен уште еднаш да преземе сè на свој грб и да се обиде да му ја донесе првата радост на Денвер.

Предлог тип: Никола Јокиќ >30.5 (1.87)

 

8443 Минесота тимбервулфс – Мемфис гризлис (Плеј оф, 1:1, 01:30 часот)

Дуелите на овие два тима секогаш изобилувале со голем број поени, а такво нешто се очекува и сега. Впрочем границата од 236,5 коша е најава дека повторно ќе гледаме спектакл од двете екипи.

Серијата е израмнета и голема е веројатноста дека ќе се тера и до седми натпревар, но вечерва Мемфис ќе го возврати „брејкот“.

Џа Морант и друштвото оваа сезона немаат среќа на гостувањата во Минесота бидејќи забележаа два порази (119:114, 138:95), но сега ќе ја прекинат таа лоша серија и ќе поведат со 2:1 во разигрувањето.

Предлог тип: 2 (1.84)

 

8352 Тампа беј лајтнинг – Торонто мејпл лиф (НХЛ, 02:00 часот)

Регуларниот дел од сезоната во НХЛ-лигата е при крај, а голем дел од работите се познати. Екипите од Тампа и Торонто веќе се чекираа во разигрувањето, а прашање е само кој од која позиција ќе влезе и со кого ќе игра.

Има уште шест натпревари до крајот, вклучувајќи ја и оваа средба, а кога и да се соочат на теренот на актуелниот првак, имаме голеада.

На последните пет средби кога Тампа беј била домаќин гледаме во просек по 6,6 погодоци по меч, па затоа за овој дуел ќе бараме да видиме најмалку шест голови, за што има квота од 1.40.

Предлог тип: >5.5 (1.40)

 

8357 Лос Анџелес кингс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 04:30 часот)

„Кралевите“ сè уште го немаат потвредено учеството во плејофот, а во „Крипто.ком арената“ пред своите навивачи мора да бараат победа над Чикаго.

Гостите се без никакви шанси да одат во разигрувањето бидејќи во централната дивизија се наоѓаат на седмото место со 63 бода, додека Далас старс, кој е под број пет, има дури 91 бод.

Во Пацификот, пак, Лос Анџелес се на третата позиција со 92 бода и тоа е последното место коешто води во плејофот, а зад нив се Вегас голден најтс со 89 бодови, па затоа ќе мора да лизгаат за победа и колку-толку помирна завршница во сезоната.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести