„Џезерите“ се немилосрдни на домашен терен

8494 Јута џез – Вашингтон визардс (НБА, 03:00 часот)

Во досегашниот тек од сезоната, Јута е еден од најдобрите тимови на домашен паркет.

На 15 одиграни средби имаат 10 победи, од кои четири се на последните пет натпревари.

Вашингтон, пак, е очаен на гостински терен каде што бележи само неуспеси. Вредно е да се напомене дека на пет дуели имаат четири порази и само една победа, па затоа јасно е зошто домаќините се фаворити.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -11.5 (1.93)

8491 Торонто репторс – Голден Стејт ворирорс (НБА, 01:30 часот)

Мала е веројатноста дека одличните гости ќе победат на оваа средба, бидејќи ќе настапат без Стеф Кари.

Најдобриот тројкаш на сите времиња, доби заслужен одмор на ова гостување, а тренерот Стив Кер ќе им даде шанса на младите кошаркари, кои исто така сезонава покажаа дека знаат да одиграат квалитетно.

Границата од 100.5 поени е најмалата која што сме ја видела за Голден Стејт во последниве години и сметаме дека е навистина ниска, и сме уверени дека лесно ќе биде надмината.

Предлог тип: Т2> 100.5 (1.84)

8439 Филаделфија флајерс – Отава Сенаторс (НХЛ, 01:00 часот)

Вреди да се погледне и вечерашната НХЛ полуда која што нуди исто така интересни натпревари.

Ние го одбравме тој меѓу Филаделфија и Отава, каде што очекуваме голем број на погодоци.

Овие два тима се немаат сретнато од 2019 година, а во минатото сите нивни дуели се проследени со навистина голем број на погодоци.

Во последните пет средби, дури три пати сме виделе седум гола по меч, а знаат и да отидат и до „осумка“.

Предлог тип: 5.5> (1.65)

8492 Оклахома сити тандерс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 02:00 часот)

Клиперси се во навистина добра форма, со оглед на тоа дека играа без Пол Џорџ.

Но, според последните информации од САД, тој вечерва би можел да се приклучи на својот тим.

Каваи Ленард и понатаму останува повреден, но, тоа е веќе стара тема кај Клиперси.

Оклахома со доста млад тим се обидува да добие на искуство во оваа сезона каде што забележаа неколку навистина големи порази кои влегоа во аналите на НБА лигата.

Предлог тип: 2 (1.58)

8490 Бруклин нетс – Орландо меџик (НБА, 01:30 часот)

И двата тима се навистина сериозно погодени од Ковид-19 и на вечерашната средба ќе настапат без најмалку 10 кошаркари.

Велиме најмалку, бидејќи се чекаат резултати уште на неколккумина, но, од НБА се сигурни дека оваа средба ќе се одржи без голем проблем.

Кај домаќинте еден од резултатите кои што се чека е Џејмс Харден, додека Кевин Дурант е позитивен, заедно со Ламаркус Олдриџ, а ако почнеме сите да ги набројуваме, тогаш оваа листа ќе биде навистина долга.

И покрај сето ова, Бруклин е благ фаворит, а доколку игра и Харден, тогаш победата ќе биде несомнена.

Предлог тип: 1 (1.82)

- Оглас -

Најнови вести