Џејмс Харден (НБА, Бруклин нетс – Хјустон рокетс, 00 часот)
Брадата се разигра и повторно немилосрдно ги полни противничките кошеви. Одигра блескава партија пред две ноќи против Вашингтон и на волшебниците им уфрли неверојатни 59 поени. За Харден ова веќе станува и стандард, и лани постигнуваше 50-ки и повеќе како од шега, а очекуваме и против Бруклин да решета и да ја мине границата од 34.5 поени, колку што е во додатокот за НБА Лигата во Sport Life.
Интересно е што Харден почна побавно и на првите два меча во новата сезона постигна 19 и 29 поени, но на следните два има учинок од 99 поени вкупно. Ќе атакува на првото место на листата на стрелците, а игра одлично против Бруклин, екипа на која на трите последни пресметки и уфрли на двапати по 36 поени и еднаш 58.
Предлог тип: > 34.5 поени (1.90)
Кајри Ирвинг (НБА, Бруклин нетс – Хјустон рокетс, 00 часот)
Кајри е вистински уметник со топката и еден од највештите кошаркари во НБА, а одлично се вклопува во тимот на Бруклин по преселбата од Бостон летово.
Неговите крос-овер дриблинзи се празник за очи и веројатно и најдобри во НБА лигата. Кајри почна со стил во новиот тим, постигна 50 поени на дебито за Бруклин и продолжи во висок ритам, иако Нетс имаат негативен биланс 1-3 на стартот од сезоната.
Ќе биде интересно да се гледа директнот дуел на Ирвинг против Харден, а се очекува во надигрувањето и двајцата да бидат суперефикасни.
Предлог тип: > 27.5 поени (1.87)
Спенсер Динвиди (НБА, Бруклин нетс – Хјустон рокетс, 00 часот)
Динвиди беше осми пик на драфтот во 2014 година, што е висока позиција, но не го презентираше докрај својот талент. Тешко се прилагодуваше на условите во НБА лигата и во првите три сезони, две во Детроит и една во Бруклин имаше просек на поени што беше далеку под десетката. Потоа одигра два солидни циклуси, особено лани кога имаше просек од 16.8 поени и сега се очекува да биде еден од главните адути од клупата на Нетс.
Иако е резерва има одлилна минутажа од околу 30 минути по меч, а знае рафално да погодува и кога е расположен за игра лесно оди и над 20 поени по меч. Хјустон е екипа што игра за кош повеќе, одбраната не им е на прво место, па очекуваме Спенсер да го искористи тоа и да постигне повеќе од 15.5 поени, што му појде од рака на три од четирите натпревари сезонава за Бруклин.
Предлог тип: > 15.5 поени (1.87)
Домантас Сабонис (НБА, Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс, 00 часот)
Златната резерва на Индијана од ланаската сезона одлично го искористи просторот по заминувањето на Бојан Богдановиќ и на Тадеуш Јанг и сега како стартер игра прекрасно за Пејсерс.
Синот на познатиот Арвидас Сабонис почнува да наликува на својот татко, кој беше еден од најдобрите центри во светот во 80-те и 90-те години од минатиот век.
Домантас има само 23 години, од него Пејсерс допрва очекуваат голем придонес, а 211 сантиметри високиот крилен центар веќе се наметнува како лидер на тимот. Во отсуство на повредениот Виктор Оладипо Сабонис е најефикасниот кошаркар во тимот со просек од 22.8 поени на четирите натпревари што досега ги одиграа Пејсерс. Најдобар е и во категоријата скокови, со просек од точно 10 по меч, што е дабл-дабл учинок.
Ноќеска ќе се надигрува со Кевин Лав, а очекуваме дека ќе продолжи да биде ефикасен и да стаса до котата 18.
Предлог тип: > 17.5 поени (1.87)
Сакраменто кингс – Јута џез (НБА, 03 часот)
Јута џез игра извонредно на стартот од сезоната во НБА лигата и ја има најдобрата одбрана засега, со одличен просек од само 92.4 примени поени по меч. Ниту една од петте екипи со кои играа не се доближи до стотката, а меѓу нив е и Сакраменто, екипа што ја победија со 113:81.
Џезерите со беспрекорната одбрана потсетуваат на изворните вредности на НБА лигата и на некои поранешни времиња кога се играше цврсто во дефанзива. Со доаѓањето на одличниот плејмејкер Мајк Конли и ангажманот на Бојан Богдановиќ, Јута има страшно добра стартна петорка, која ја комплетираат и кошаркарите од Ол-стар калибар, Доновам Мичел и Руди Гобер, а ја дополнува и Ројс О`Нил.
Сакраменто е последен во Западната конференција и е единствената екипа во НБА што се уште нема победа. Многу повеќе се очекуваше од тим што ги има во своите редови одличните бекови Хилд, Фокс и Богдановиќ, но нешто не штима кај кралевите на стартот од сезоната. Тие се познати како напаѓачка екипа, офанзивата им е многу посилна страна од играта во одбраната, па очекуваме многу поени ноќеска во „Голден центар“ во Сакрамкенто и победа на гостите.
Предлог тип: 2-2& > 212.5 поени (3.55)