2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Џибрил Сисе: Многу ја мразам Аргентина после СП 2022!

Некогашниот француски репрезентативе напаѓач, Џибрил Сисе, не штедеше зборовите за време на интервју по повод третата годишнина од финалето на Светското првенство во Катар, кое го освои Аргентина со победа на пенали во финалето над неговата Франција.

Сисе не можеше да се воздржи.

„Искрено, порано ги сакав поради Марадона. Бесен сум. Чувствувам голема омраза кон нив. Јасно е дека тие се наш главен непријател. Сакам да ја освоиме третата титула во последниот натпревар на Меси на Мундијалите. Имаме две или три недовршени работи со Аргентина“, рече Сисе. 

Тој исто така, го нападна и Енцо Фернандез, потсетувајќи се на навредливите скандирања на Аргентинецот кон Французите по финалето на Копа Америка. Тогаш аргентинските фудбалери пееја: „Играат за Франција, но тие се од Ангола. Мајките им се Нигеријки, татковците Камерунци, но пасошите велат дека се Французи“. 

„Не можам да разберам како неговите француски соиграчи во Челзи му простија. Тој се извини, но отиде предалеку“, рече Сисе. 

- Оглас -

Најнови вести