Џибрил Сисе секогаш имал луди фризури, но сега претера (Фото)

Некогашниот француски репрезентативен напаѓач Џибрил Сисе (38) е познат по тоа што публиката ја забавуваше со необични фризури, тој со имиџот се издвојуваше од другите на теренот, познат беше и по фарбањето на брадата.

Ексиграчот на Ливерпул, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Лацио, Панатинаикос и многу други клубови овојпат својата кратка коса ја обои во светлосина боја, а тука се „туфните“ како додаток. Навивачите се шегуваат дека шарата личи на навлаките на седиштата во автобусите.

Сисе во 2015 година, кога имаше 34, објави крај на кариерата, но повторно заигра и во минатата сезона за швајцарскиот Ивердон даде 24 гола. Потоа потпиша за Виченца од италијанската Серија Д, но уште пред да заигра, си замина и сега е слободен.

- Оглас -

Најнови вести