35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Џиџи Бекали: „Не се плашам од Шкендија, ќе им дадеме 3-4 гола“

Екипата на ФЦСБ во лоша атмосфера го очекува дуелот против Шкендија од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Романците на вчера беа поразени со 1-2 на домашен терен од Фарул, а во среда ги очекува и меч против шампионот на Македонија.

Сопственикот на клубот, Џиџи Бекали, во свој стил најавува убедлива победа, но така беше и пред мечот во Скопје, а на крајот Шкендија победи со 1-0.

„Немам никаков страв. Воопшто не се грижам, ќе им дадеме 3-4 гола! Некој можеби се чуди, но верувам во мојата екипа.“ – вели Бекали за „спорт.ро“.

- Оглас -

Најнови вести