Џиџи Буфон кажа кога ќе ја заврши кариерата

Актуелниот голман на Парма, италијанската легенда Џанлуиџи Буфон, откри кога ќе биде подготвен да ја заврши својата долга кариера.

Буфон кој има 45 години, кариерата ја почна во Парма, па долго беше во Јувентус, имаше кратка авантура во ПСЖ, се врати во Јуве, а сега пак е во Парма со која игра во Серија Б, и таму ќе се повлече.

„Уште имам енергија како порано, силните емоции и враќањето меѓу стативите ми помагаат. Можеби тоа ќе го снема кога ќе се вратам со Парма во Серија А, и тогаш би се повлекол. Тоа би било исполнување на сонот за мене“ – изјави Буфон.

Парма во моментов е седма на табелата и има добри шанси да разигрува за пласман во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести