Џиџи Буфон има шанса да биде корекордер со шест трофеи во Националниот куп на Италија, а за тоа му треба елиминација на Милан во полуфиналето и потоа победа во мечот за пехарот против Наполи или Интер во големото финале.
Засега рекордер со шест куп-титули на Чизмата е Роберто Манчини, кој е актуелен селектор на Аѕурите, и како што велат во Италија, само тој е во премиум класата.
Веднаш зад него е Буфон и уште осуммина фудбалери кои имаат по пет куп-пехари, меѓу нив и неизбежниот Горан Пандев.
Капитенот на македонската репрезентација сè уште е активен и игра во топ-форма за Џенова, единствениот клуб за којшто играл во Серија А, а нема куп-пехар со него.
Пандев по двапати се радуваше на победи во Копа Италија со Интер и со Лацио, а еднаш го крена пехарот и како играч на Лацио. Втор е на вечната листа на фудбалери со најмногу куп-пехари заедно со Џиџи Буфон, Стефан Лихштајнер,Франческо Толдо, Дејан Станковиќ, Фаусто Салсано, Џузепе Фавали, Бруно Конти и Ромео Бенети.
Јувентус и Милан утре во Торино од 21 часот ќе го играат реваншот од полуфиналето во Копа Италија. Првиот меч заврши нерешено 1:1.
Задутре во истиот термин Елиф Елмас со Наполи ќе му биде домаќин на Интер во второто полуфинале, а Наполитанците имаат предност од 1:0 и ќе играат на домашен терен.