Емануел Џинобили, кој сега како пензионер гледа кошаркарски натпревари, како и секој искрен љубител на кошарката, им се воодушевува на потезите на сегашните и некои од поранешните играчи на Реал Мадрид.
„Магичните“ поени кои редовно ги даваат играчите на Kралскиот клуб предизвикуваат задоволство и восхит дури и кај Ману, кој во 23-те сезони како професионален играч даде огромен број поени од невозможни позиции.
Пред околу една недела, Аргентинецот Факундо Кампацо на дербито од Евролигата против Барселона даде тројка од „кош на кош“ во последната секунда од првото полувреме, и тоа е потег кој можеби ќе биде број 1 на топ листата на крајот на сезоната.
Во Реал има уште еден стручњак за давање тројки од невозможни позиции, а тоа е Серхио Љуљ. Овој бек викендов против Мурсија во клучен момент даде тројка која вреди да се погледне.
Лука Дончиќ е поранешен играч на Реал, сега е во Далас маверикс, а младиот Словенец почна да ги воодушевува и сите во НБА. Неговата тројка за изедначување против Портланд е приказна за себе, полудеа и американските коментатори.
https://www.youtube.com/watch?v=-OiFH42jyXo
Џинобили е зачуден и прашува: „Што ли им даваат во Мадрид? Тројката на Кампацо, па шутот на Љуљ, сега и ова од Дончиќ. Неверојатно“, напиша Џинобили на „Твитер“.