Во обложувалницата Sport Life имате огромен број игри, над 600, поврзани со дуелот на Велс и Македонија, може да одиграте на сè и сешто и да чекате добивка.
Една од многу привлечните „патриотски“ опции е да уплатите дека Велс нема да постигне гол. За оваа игра, квотата е дури 5.25 и дефинитивно не смее да се пропушти ако верувате дека повторно ќе останеме со сува мрежа.
Македонската репрезентација нема примено ниту еден гол на гостински терен во овие квалификации за СП. Ни Белгија, која е посилна од Велс, не ни даде гол. Освен Македонија, без примен гол на гости се и Шпанија, Англија, Данска и Швајцарија, репрезентации кои или веќе обезбедија Мундијал или се блиску до тоа.
Ако Столе Димитриевски не прими гол вечерва, ова ќе биде првпат во историјата едни квалификации да ги завршиме без примен гол на гости и тоа е уште еден мотив плус за одбраната.


