Вечерва и утревечер ќе бидат познати осумте екипи кои ќе продолжат со настапите во осминафиналето на Лигата на шампионите. Интересно е дека италијанската Серија А е под закана да остане без ниту еден свој тим меѓу најдобрите 16, нешто што не се случило со децении.
Серија А во првата нокаут-фаза има три екипи, но сите три се во неповолна ситуација по првите дуели и на реваншите и пред своите навивачи ќе бркаат пресврти. Интер загуби во Норвешка од Бодо/Глимт со 3:1, па вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе се обиде да ја надополни оваа негатива. Според квотите, Интер уште е фаворит да оди понатаму со коефициент од 1.80, додека Бодо/Глимт, кој е дебитант, има коефициент од точно два за да оди во осминафиналето.
Многу помали шанси ѝ се даваат на Аталанта и Јувентус. Аталанта вечерва во Бергамо игра реванш против Борусија Дортмунд, а германскиот тим има предност од 2:0. Италијанскиот тим да ги елиминира Милионерите од Дортмунд е со квота дури од 5.00.
Јувентус претрпе дебакл на првиот меч на гости во Истанбул и загуби со 5:2. Старата дама сега ако успее да го елиминира турскиот тим, ќе донесе добитна квота од 4.50.
Тоа значи дека ако се случи сите три италијански екипи да се пласираат во осминафиналето, носи вкупен коефициент од 41.62, што воопшто не беше веројатно пред да се одиграат првите дуели.


