Гигантите не простуваат историски неуспеси, клубот со рекордни 55 шампионски круни го смени тренерот

Глазгов ренџерс и Џовани ван Бронкхорст се разделија откако холандскиот фудбалски стратег доби отказ.

Популарниот Џио беше точно една година на кормилото на гигантот, кој има неверијатни 55 домашни титули, што е рекорд во Европа.

Серијата од шест порази во Лигата на шампионите со рекордно лоша гол-разлика од 2:22, најкатастрофална во историјата на луксузното натпреварување, беше иницијалната каписла за отказот.

Популарните Полицајци од Глазгов заостануваат и за 9 бода зад вечниот ривал Селтик по 15 одиграни кола во шкотското првенство, што беше вториот клучен фактор за разделбата.

Ван Бронкхорст дојде во Глазгов ренџерс лани на 18 ноември и успеа да се пласира во финалето на Лигата на Европа, каде што шкотскиот гигант загуби од Ајнтрахт Франкфурт на пенали.

Беше освоен пехарот во Шкотскиот национален куп со победа против Хартс од 2:0 во финалето и таа титула им беше прва на Полицајците од 2009 година во ова натпреварување.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести