Џо Харт се чудел зошто Сити платил 30 милиони за Давид Силва

Џо Харт, некогашниот голман на Манчестер сити и англиската репрезентација, во 2010 година бил изненаден кога дознал дека клубот платил 30 милиони евра за колега кој е низок, слабичок, фудбалер кој игра само со едната нога, а притоа не знае англиски јазик.

Харт тогаш воопшто не бил импресиониран од Давид Силва, но како што одминуваше времето, сфатил дека греши. Силва одигра повеќе од 400 меча во дресот на Граѓаните.

„Беше слаб, низок, бавен, ја користеше само левата нога, не знаеше дури и на која позиција игра. Ми личеше на добра личност, но не знаеше англиски“, се присетува Харт, кој сега за 33-годишниот Силва вели дека е магионичар со топката.

„Тој брзо се адаптираше и го покажа квалитетот кој го поседува. Тој е комплетен фудбалер, единствена мана е неговата висина“, додава Харт.

- Оглас -

Најнови вести