Џо Кол се радуваше како мало дете по последниот судиски свиреж (видео)

Џо Кол беше најсреќниот човек во студиото на „БТ спорт“ по последниот свиреж во вчерашното финале на Лигата на шампионите. Некогашната ѕвезда на Челзи скокаше од радост откако Каи Хаверц ја осигура втората европска титула во клупската историја за Сините.

Кол не можеше да ги задржи за себе емотивните реакции и покрај тоа што до него седеше Џолеон Лескот, ексиграчот на Сити, кој сосема нормално беше разочаран што Граѓаните во нивното прво финале во ЛШ мораа да го поминат со пораз.

- Оглас -

Најнови вести