Џоел Ембид збесна, десетмина луѓе го држеа да не дојде до судијката која го исклучи (Видео)

Џоел Ембид беше исклучен на мечот меѓу Филаделфија и Сан Антонио и тоа уште во втората четвртина. Минатогодишниот МВП на лигата беше во напад, а судијката Џени Шродер покажа дека направил лична грешка. Ембид беше лут на оваа одлука, по што прво следуваше техничка грешка, по што играчот продолжи да реагира на судиската одлука. Потоа следуваше и втора техничка грешка, па НБА-ѕвездата беше исклучена од игра.

Тогаш Ембид буквално збесна и тргна кој судијката, но безмалку 10 луѓе застанаа да го сопрат кошаркарот да не дојде до судијката и случајно да не направи некој непромислен потег.

Интересно е дека истата судијка само неколку минути претходно го исклучи и Андре Драмонд, исто поради фаул и приговор.

Иако без двајца исклучени кошаркари, и тоа уште во втората четвртина, Филаделфија на крајот успеа да победи со 111:106 против Сан Антонио.

Никола Јокиќ беше расположен за игра и со 32 поени го предводеше Денвер до победа над Феникс од 117:90.

Дури 14 меча се одиграа утрово во НБА-лигата, а резултатите се: Шарлот – Хјустон 101:114, Кливленд – Јута 124:113, Орландо – Бостон 108:104, Фоладелфија – Сан Антонио 111:106, Атланта – Минесота 117:104, Мајами – Бруклин 110:95, Њујорк – Торонто 139:125, Чикаго – Милвоки 91:112, Мемфис – ЛА клиперс 110:114, Оклахома – Вашингтон 123:105, Далас – Портланд 132:108, Денвер – Феникс 117:90, Голден стејт – Индијана 105:111, ЛА лејкерс – Детроит 114:117.

- Оглас -

Најнови вести