Џокер не се исплаши од Кругер

Новак Ѓоковиќ триумфално го почна патот кон седмата титула на Отворено првенство на Австралија, а во првиот меч во Мелбурн и јубилеен 300-ти на Гренд слем турнирите, го совлада Американецот Мичел Кругер со 3-0 во сетови.

Популарниот Џокер загуби само 7 гема и рутински мина во второто коло и ќе игра со Жо-Вилфред Цонга. Ова му е 13-ти пат по ред како успева да се пласира во втората рунда на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ го одигра 300-тиот меч на Гренд слем турнирите и е вториот тенисер во ерата на Отворените првенства што ја мина таа граница.

Од 1968 година тоа им успеа само на српскиот тенисер и на Роџер Федерер, кој е рекордер со 394 мечеви на четирите најценети тениски турнири.

- Оглас -

Најнови вести