Кога се работи за европски фудбалски класици, тогаш дефинитивно тоа се двата меча кои денеска се на програмата во Лигата на шампионите. Четири поранешни европски прваци во трка за две места во полуфиналето од елитната лига на УЕФА.
Барселона – Манчестер јунајтед (21 ч.)
Стадион: „Камп ноу“ во Барселона.
Судија: Феликс Брих од Германија.
Можни состави
Барселона (4-3-3): Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленглет, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Меси, Суарес, Кутињо.
Повредени, суспендирани: Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, нема многу што да се грижи околу составот. На располагање ги има најдобрите. Повредени се Томас Вермален и Рафиња Алкантара, но и двајцата не се ни стартери, така што Барселона ќе игра во најсилен состав.
Манчестер ј. (4-3-1-2): Де Хеа, Далот, Смолинг, Линделоф, Јанг, Мектомини, Фред, Погба, Лингард, Лукаку, Рашфорд.
Повредени, суспендирани: Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на неколку играчи: Лук Шоу е суспендиран поради акумулирани жолти картони, а повредени се Антонио Валенсија, Ерик Бејли и Андер Ерера.
Меѓусебни дуели – Само чудо може да го спаси Манчестер ј.
10.04.2019 Манчестер ј. – Барселона 0-1
28.05.2011 Барселона – Манчестер ј. 3-1
27.05.2009 Барселона – Манчестер ј. 2-0
29.04.2008 Манчестер ј. – Барселона 1-0
23.04.2008 Барселона – Манчестер ј. 0-0
25.11.1998 Барселона – Манчестер ј. 3-3
16.09.1998 Манчестер ј. – Барселона 3-3
02.11.1994 Барселона – Манчестер ј. 4-0
19.10.1994 Манчестер ј. – Барселона 2-2
15:05.1991 Манчестер ј. – Барселона 2-1
21.03.1984 Манчестер ј. – Барселона 3-0
07.03.1984 Барселона – Манчестер ј. 2-0
Вкупно 12 мечеви – Барселона има 5 победи, Манчестер јунајтед се радувал 3 пати, а четири средби завршиле без победник. Вкупната гол-разлика е 21:15 во корист на каталонскиот гигант.
Во последните три сезони од ЛШ, Барселона е стопирана и елиминирана во четвртфиналето. Последен пат кога Каталонците ја поминаа оваа фаза, стигнаа и до финалето во 2015 година, а тогаш со 3-1 го победија Јувентус и се искачија на европскиот трон.
Манчестер во 25 гостувања во Шпанија има само три победи, а по 11 пати ремизирал и загубил. Барселона на „Камп ноу“ има само два порази од англиски клубови во 33 средби. Каталонците се радувале дури 20 пати против ривали од Островот.
ЈУВЕНТУС – АЈАКС (21 ч.)
Јувентус стадион во Торино.
Судија: Николас Данос од Франција.
Можни состави:
Јувентус (4-3-3): Шченсни, Кансело, Бонучи, Ругани, Сандро, Бентакур, Пјаниќ, Матуиди, Дибала, Роналдо, Бернардески.
Повредени, суспендирани: Двајца важни играчи во играта на Јувентус во дефанзивниот и офанзивниот ред нема да играат, а тоа се Џорџо Кјелини и Марио Манџукиќ.
Ајакс (4-3-3): Онана, Велтман, Де Лихт, Блинд, Мазрауи, Ван де Бек, Шене, Де Јонг, Зијеч, Тадиќ, Нерес.
Повредени, суспендирани:
Меѓусебни дуели – Ајакс нема победа над Јуве од 1974 година.
10.04.2019 Ајакс – Јувентус 1-1
25.02.2010 Јувентус – Ајакс 0-0
18.02.2010 Ајакс – Јувентус 1-2
23.11.2004 Јувентус – Ајакс 1-0
15.092004 Ајакс – Јувентус 0-1
23.04.1997 Јувентус – Ајакс 4-1
09.04.1997 Ајакс – Јувентус 1-2
22.05.1996 Ајакс – Јувентус 1-1 (2-4 на пенали)
15.03.1978 Јувентус – Ајакс 1-1
01.03.1978 Ајакс – Јувентус 1-1
11.12.1974 Ајакс – Јувентус 2-1
27.11.1974 Јувентус – Ајакс 1-0
30.05.1973 Ајакс – Јувентус 1-0
Вкупно: 13 меча – Јувентус 6 победи, Ајакс 2 победи и 5 ремија, со вкупна гол-разлика 16:10 во корист на Јуве.
Кристијано Роналдо треба да биде играчот на кого се надеваат домашните фанови. Португалецот направи вистиско шоу во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид и даде три гола за голема радост на „старата дама“. И сега Роналдо треба да биде клучот за пласман на Јувентус во полуфиналето.