Валенсија – Челзи (18:55 ч.)
Директен дуел на две екипи кои се борат за место во нокаут-фазата. Во последниве 12 години имаат одиграно седум меча, од кои пет завршиле со 2-3 гола. Валенсија победи во Лондон, но Челзи сезонава победи на двете гостувања во групната фаза.
Дури и победа може да не биде гаранција за место во осминафиналето, но секако дека двете екипи ќе одат на освојување на трите бода.
Предлог тип: 2-3 гола (2.08)
Зенит – Лион (18:55 ч.)
Рускиот тим со победа ќе избие на второто место на табелата пред Лион. Во оваа група, со реални шанси за место во нокаут-фазата е дури и последната Бенфика, па затоа многу калкулации се во игра. Зенит пред четири години играше на свој терен против Лион и го победи со 3:1 и сигурно ќе сака повторување на тој резултат.
Малком и Мамана ќе ги нема кај домаќините, а Мемфис Депај ќе отсуствува кај гостите. Традицијата вели дека секогаш има барем по два гола на мечевите на овие ривали.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.07)
Ливерпул – Наполи (21 ч.)
Актуелниот европски првак со пораз во Неапол ја започна одбраната на тронот, но потоа нареди три победи и сега е пред пласман во следната фаза. Наполи е во криза, но интересно е тоа што повторно тешко губи. Во последните 10 дуели, Наполитанците имаат дури седум нерешени, две победи и само еден пораз.
Ливерпул е како машина за погодоци и за победи, па на „Енфилд роуд“ се очекува триумф на домаќините. Интересно е што на шест од досегашните седум средби било НГ (еден тим да не даде гол).
Предлог тип: 1&3+ (1.96)
Лајпциг – Бенфика (21 ч.)
Лајпциг победи на гости кај Бенфика и сега на свој терен треба да го потврди фактот дека е подобар тим од португалскиот гигант. Дополнителен мотив за домаќините е тоа што со три бода ќе обезбеди место во нокаут-фазата. На последните пет меча Лајпциг има пет победи дури со 24 постигнати голови, односно речиси пет по дуел.
И покрај тоа што има проблеми со повредени играчи, бундеслигашот треба да победи во меч со повеќе голови.
Предлог тип: Т1 1+I& 1+II (2.10)
Барселона – Борусија Д. (21 ч.)
Барселона го има адутот бидејќи на свој терен со победа ќе си обезбеди мирен меч во последното коло. Каталонците веќе еднаш беа изненадени од Славија Прага, па веројатно ја научија лекцијата дека не смеат да го потценат противникот.
Тренерот на Борусија е под притисок дека мора да победи на „Камп ноу“, во спротивно му се заканува отказ. Тешка е мисијата да се победи Барселона, посебно ако тоа не се случило во претходните три меѓусебни меча. Сепак, Милионерите знаат да дадат достоен отпор, а фактот дека имаат добар напад, но и послаба одбрана е предуслов за погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.80)
Во понудата на Sport Life, како квоти на денот ги има:
Славија Прага – Интер Х2&ГГ (2.45)
Барселона – Борусија Д. Т1 3-5 (2.60)
Ливерпул – Наполи 1&ГГ (2.95)