Никола Јокиќ вчеравечер и официјално го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА. Двократниот МВП останува во Денвер до 2028 година, па по тој повод се славеше на големо.
Имено, популарниот Џокер стана хит на социјалните мрежи, откако го поведе орото околу оган, а странските медиуми го пренесоа како негов „топ 10 перформанс“. Па, нема побалкански начин да се прослави едно од најзначајните достигнувања во кариерата.
Nikola Jokić, MVP @NBA poveo kolo oko vatre, i to posle raftinga pic.twitter.com/aeZZZd1mDR
— kojic_sportski (@KSportski) July 9, 2022