Џон Дуран дебитираше со два гола за Ал-Наср

Колумбискиот интернационалец Џон Дуран имаше одлично деби за Ал-Наср по трансферот вреден 77 милиони евра од Астон Вила. Тој постигна два гола во триумфот од 3-0 против Ал-Фејха.

Џон Дуран во 22-та минута го отвори резултатот, а во 72-та минута постигна и втор погодок.

Кристијано Роналдо во 74-та минута го потврди триумфот со трет гол.

- Оглас -

Најнови вести