Колумбискиот напаѓач Џон Дуран прави трансфер од англискиот премиерлигаш Астон вила во саудискиот клуб Ал-Наср. Според информациите од Англија, Ал-Наср постигнал договор вреден над 64 милиони фунти за трансферот на Дуран, а се очекува играчот да ги помине лекарските прегледи во Лондон.
Дуран оваа сезона постигна 12 гола на 29 натпревари за Астон вила, што привлече интерес од неколку клубови, вклучувајќи ги Вест хем, Пари Сен Жермен и Челзи. Сепак, Астон вила ги одби нивните понуди инсистирајќи на цена од 85 милиони фунти за младиот напаѓач.
Доколку трансферот се реализира, Дуран ќе му се придружи на тимот во којшто игра и Кристијано Роналдо, што дополнително ќе го засили нападот на Ал-Наср во претстојните натпревари од сезоната.