Џон Дуран стана најскапиот колумбиски фудбалер во историјата

Ал-Наср официјално го потврди трансферот на колумбискиот напаѓач Џон Дуран од Астон Вила, со кој потпиша договор до 2030 година.

Англискиот клуб ќе инкасира фиксни 77 милиони евра, а со можните бонуси сумата може да достигне 90 милиони евра. Значителен процент од оваа сума ќе добие и поранешниот клуб на Дуран, Чикаго Фаjeр.

Со овој трансфер, 21-годишниот Дуран стана најскапиот колумбиски фудбалер во историјата, надминувајќи го рекордниот премин на Хамес Родригес од Монако во Реал Мадрид. Воедно, ова е и втората најголема продажба во историјата на Астон Вила, по рекордниот трансфер на Џек Грилиш во Манчестер сити.

Дуран оваа сезона постигна 12 гола на 29 натпревари за Астон Вила, стекнувајќи репутација на „златна резерва“ со своите голови од клупата, носејќи победи против Вест хем, Лестер, Евертон и Баерн Минхен. Сега ќе им се приклучи на Кристијано Роналдо и Садио Мане во нападот на Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести