Точно пред 30 години, на 7 август 1995 година, на Светското првенство на стадионот „Улеви“ во Гетеборг беше поставен светски рекорд во трискок за мажи, а тој рекорд уште е во сопственост на Џонатан Едвардс.
„Кога ќе помислите на целиот тој напредок во спортската наука, нутриционизмот, методите за тренинг и слично, ако сум искрен, ќе кажам дека не е добар сигнал за атлетиката што еден рекорд трае дури 30 години“, вели харизматиниот Британец.
Едвардс во првата серија имаше трискок од 18,16 метри, што беше светски рекорд, а само 20 минути подоцна во втората серија го подобри рекордот уште за 13 сантиметри. Беше во неверојатна форма тој ден и три децении никој не може да го симне од тронот.
Едвардс во кариерата има и еден трискок од 18,43 метри, но со недозволена помош на ветер во грб и затоа тој резултат не се смета за светски рекорд.
Светскиот рекорд на Едвардс е петти најстар во машката атлетика. Најдолго трае рекордот во фрлање кладиво, кој е постигнат во 1986 година. Во трискок, најблиску до резултатот на Едвардс има дојдено Кристијан Тејлор пред десет години со резултат 18,21, а лани Џордан Дијаз Фортун од Шпанија имаше 18.18.