Тројца Кубанци, кои се натпреваруваат за европски држави, ги поделија олимписките медали во трискок на Олимписките игри во Париз.
Натпреварувајќи се за Шпанија, Џордан Алехандро Дијаз Форчун го детронизира својот сонародник и претставник на Португалија, Педро Пичардо, освојувајќи го олимпиското злато со скок од 17.86 метри (0.1 м/сек). Во јуни, Дијаз го победи Пичардо и на Европското првенство во Рим, не дозволувајќи му повторно да ја одбрани титулата од Минхен во 2022 година.

Натпреварувајќи се за Португалија, Пичардо заврши само 2 сантиметри зад златото, со најдобар втор скок од 17.84 метри (0.7 м/сек).
Третото место во трискок повторно го освои Кубанец, но претставувајќи ја Италија. Енди Дијаз Ернандес заврши третопласиран со скок од 17.64 метри (0.7 м/сек).