5.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Џордан Хендерсон се врати во Премиер лигата!

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, по две години се врати во Премиер лигата, откако потпиша двегодишен договор со Брентфорд.

Триесет и петгодишниот дефанзивен фудбалер за врска во таборот на Пчелите пристигна како слободен фудбалер откако го раскина договорот со Ајакс. Хендерсон пред две години го напушти Ливерпул и потпиша за Ал-Етифак од Саудиска Арабија во трансфер вреден 14 милиони евра, но на Блискиот Исток се задржа само една полусезона, по што како слободен фудбалер се пресели во Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести