Ентони Џошуа ја одбрани титулата на светски шампион во тешка категорија по победата над Кубрат Кобрата Пулев со нокаут по девет рунди.
Британецот доминираше од самиот старт на борбата на „Вембли“ против издржливиот предизвикувач од Бугарија. Пулев рано во борбата се најде на подот, но покажа голема издржливост со оглед на тоа дека Џошуа константно напаѓаше и бараше простор за во голем стил да го реши мечот.
Конечно во деветтата рунда, Џошуа со три аперкати го урна Пулев, кој некако успеа да се врати на нозе, но само на кратко, бидејќи следниот директ беше фатален за кобрата.
ANTHONY JOSHUA KNOCKS OUT PULEV BRUTALLY!!!! #JoshuaPulev https://t.co/U2bB9XA92F
— Strictly Boxing Fans (@BoxingBritain1) December 12, 2020
На актуелниот светски шампион сега му недостасува појасот во ВБЦ организацијата, кој е во сопствеништво на неговиот сонародник Тајсон Фјури, а според изјавата се чини дека Џошуа ќе го напаѓа и тој појас.
„Од 2013 година почнав да ги собирам појасите. Кој и да поседува некаков појас, сакам да се борам против него за да му го земам. Ако е тоа Тајсон Фјури, тогаш нека биде така“, изјави Џошуа кој ја оствари 24-тата победа во 25 борби, односно 22-ра со нокаут.