-1.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Џошуа го нокаутираше Џејк Пол, и го предизвикува Фјури (Видео)

Британецот Ентони Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда и на моменти потсетуваше на оној Џошуа кој на времето беше светски првак во бокс во тешка категорија.

Пол го помина поголемиот дел од борбата во Мајами избегнувајќи конфронтации, но на крајот подлегна на моќта на двократниот светски шампион. Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата, сепак, британскиот боксер го патосираше двапати боксерот-јутјубер во петтата рунда, за конечниот удар да му го зададе во шестата.

Пол после борбата рече дека иако веројатно му е скршена вилицата, но уживал бидејќи го сака овој спорт и најави дека нема да се откае туку оди по светска титула во крузер категорија.

„Не беше најдобриот настап. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десната рака конечно ја пронајде својата дестинација“, рече 36-годишниот Џошуа.

За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.

„Со нетрпение ја очекувам 2026 година. Ако Тајсон Фјури е навистина сериозен во своите намери, ако сака да ги остави настрана борбите на Твитер, да ги облече ракавиците и да се бори со вистински борец, нека влезе во рингот со мене. Ако си навистина жилав, не зборувај толку многу. Ајде да ги користиме тупаниците“, рече Џошуа. 

Џошуа го напушта Мајами побогат за 210 милиони фунти и сега се очекува да се фокусира на уште една загревачка борба во февруари, пред можната „битка за Британија“ со Фјури подоцна во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести