Џошуа го среди Поветкин, најавува обединување на титулите (Видео)

Британецот ги искористи предностите што е помлад, доста повисок и со подолги раце од Поветкин. Ја чекаше својата шанса и ја дочека. Поветкин, кој има 39 години, потроши доста сила во првите рунди, кога беше поопасен од очекувањата, а потоа му падна концентрацијата и за првпат во кариерата беше нокаутиран.

„Поветкин беше тежок предизвикувач и го докажа тоа. Тој е силен во главата, но послаб во телото. Сакав да ги правам истите работи како во тренинг-салата. Имав голем притисок од големите очекувања на навивачите. Оваа борба да беше пред неколку години, веројатно немаше да победам. Сега би сакал борба со Вајлдер“, изјави Џошуа.

Џошуа кој сега има 22 победи, од кои 21 со нокаут,0020може мирно да го чека исходот од пресметката за титулата во ВБЦ верзијата, закажана за 1 декември, помеѓу Донте Вајлдер и Тајсон Фјури.

Ленокс Луис во 2000 година е последниот боксер кој ги имаше обединето сите титули во тешка категорија.

 

https://twitter.com/twitter/statuses/1043620483277701120

- Оглас -

Најнови вести