Џошуа и Пулев како гладијатори ќе се борат во арената во Пула?!

Кубрат Пулев, предизвикувачот за појасот во тешка категорија во ИБФ верзијата во бокс, и бранителот на титулата и актуелен првак Ентони Џошуа можеби ќе се почувствуваат како вистински гладијатори во нивната претстојна битка, која требаше да се одржи на 20 јуни на стадионот Тотенхем во Лондон.

Битката беше одложена, нема конкретен датум, а предлогот од штабот на Бугаринот е битката да биде на античкиот римски амфитеатар во хрватскиот град Пула.

„Со тимот ја разгледуваме Хрватска. Таму има уникатен римски стадион, Арената во Пула, и сме во активни разговори. Ни се допаѓа таа варијанта, во центарот на Европа е. Арената нуди невидени услови, а може да има и публика под преземени мерки. Прв предлог ни беше Истанбул, но тимот на Џошуа го претпочита Лондон. Ќе им уште доста дискусии пред да падне договоот”, изјави агентот на Кобрата, Ивајло Гоцев.

Во Арената во Пула имале концерти големи музички ѕвезди, како: Дејвид Гилмор од Пинк Флојд, Лучијано Павароти, Андреа Бочели, Елтон Џон и други, а се играле и мечеви во хокеј на мраз. Како отворена опција за битката Џошуа-Пулев останува и некоја земја од Блискиот Исток.

- Оглас -

Најнови вести