0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Џошуа имал многу среќа: Прво се возел на предното седиште, но потоа се преместил назад

Поминаа десетина дена од страшната сообраќајна несреќа во која настрадаа две лица, а некогашниот боксерски светски шампион Ентони Џошуа имаше среќа и се спаси, а конечно се појави и информацијата за тоа кој е возачот што го направи кобниот судар.

Аданији Кајоде е 47-годишниот возач на автомобилот во кој беше и Џошуа, а се судри со камион кој бил паркиран покрај патот. Од силината на ударот двајцата пријатели на Џошуа кои седеле на десната страна од автомобилот смртно настрадаа. Џошуа кој бил на левата страна од автомобилот (седел позади возачот), успеа да се спаси.

Возачот кој ја направи несреќата сега е обвинет за несовесно возање и сообраќајна несреќа со смртни последици. Кајоде прв пат се појавил и во Судот во Нигерија, воопшто немал возачка дозвола.

За разлика од возачот на автомобилот кој излезе пред Судот, возачот на камионот уште е во бегство.

За тоа колку Џошуа имал среќа да се спаси, потврдува и адвокатот на возачот Кајоде, кој открива дека боксерскиот шампион на почетокот на возењето седел на предното седиште, но затоа што немал комфор и не можел адекватно да седел, решил да се премести и се замени со пријателот кој седел на задното седиште позади возачот.

Тоа на крајот и му го спасило животот на Џошуа. Едноставно судбината така сакала.

 

- Оглас -

Најнови вести