Џошуа ја прифати фрлената ракавица, првпат ќе боксува во САД

Британскиот боксер Ентони Џошуа, кој е светски првак во бокс тешка категорија, во четири од петте верзии, одлучи за првпат во кариерата да ги брани своите појаси на гостински терен, во САД, и тоа против Џарел „Големото бебе“ Милер. Имаше доста шпекулации околу тоа кој ќе му биде предизвикувач на Џошуа, па изборот падна на Американецот Милер.

Битката ќе се води на 1 јуни во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк. Џошуа е првак во ВБА супер, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите, му фали само ВБЦ, а 30-годишниот Милер кој нема пораз во кариерата, а истотака е и кикбоксер, е втор во ВБА. Договорот уште не е потпишан, но претставниците на двајцата боксери ги договорија сите детали.

За својата прва борба надвор од Европа, се зборува дека Џошуа ќе добие рекорди 32 милиони долари, што е за 6 милиони повеќе од заработката која ја имаше кога имаше двобој со Русинот Поветкин. Џошуа сакаше да боксува на 13 април во Лондон, но ова веројатно ќе му ги смени плановите.

- Оглас -

Најнови вести