Бугаринот Кубрат Пулев конечно ја дочека шансата да го предизвика Ентони Џошуа во битка за светската титула во четири верзии, тие четири појаси ги има Британецот, кој в сабота вечерта ќе има прилика да потврди дека е најдобар.
„Немам што да загубам, само може да добијам. Единствениот начин да бидеш успешен, е да ги прифаќаш големите предизвици” , рече Џошуа на почетокот на прес-конференцијата, а потоа продолжи со пожесток речник.
„Многу сум мотивиран, гладен сум. Не очекувам некој да ме сака. Би се борел и 15 рунди, а не 12. Сум бил удиран од најсилните многупати, но уште сум тука. За секој меч тренирам засилено. Ќе бидам удиран, но јас ќе бидам тој што на крајот на борбата ќе стои на нозе“, најавува шампионот.
Боксерот од Бугарија, кого го викаат Кобрата, има самодоверба пред двобојот.