4.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Џошуа ѝ се извини на мајката на Џејк Пол за тоа што му ја скрши вилицата на нејзиниот син

Мајката на контроверзниот боксер и јутјубер Џејк Пол, Пам, призна дека поранешниот светски шампион Ентони Џошуа ѝ се извинил по борбата со нејзиниот син во Мајами.

За потсетување, Џошуа го нокаутира Пол во шестата рунда, а Пол имаше скршена вилица на две места.

„Како се чувствувам во врска со тоа што се случи? Одвратно. Џошуа покажа пристојност и ми се извини. Тој се проби низ толпата, дојде до мене и ми рече: „Види, ова е само бокс. Тоа е само боречки спорт“, изјави мајката на Пол. 

Инаку Пол смета дека бил подобар во првите две рунди, потоа Џошуа бил подобар во две, а на крајот дојде нокаутот и смета дека борбата била одлично искуство.

- Оглас -

Најнови вести