Џоунс му одговори на Тајсон: Ветувам, нема да те скршам

Мајк Тајсон изминатиов период ја воодушеви јавноста со својата телесна трансформација и враќање во форма. Челичниот Мајк на 55 години е во животна форма. Како што претходно се најавуваше, планира да учествува во неколку хуманитарни борби, но засега нема ништо конкретно.

Во меѓувреме Тајсон му понуди на Џон Џоунс, актуелниот светски првак во тешка категорија и прворангиран борец во УФЦ, да се бори со него за да оствари голема заработка: „Џон треба да се бори со мене ако сака да заработи убави пари“, а неколку дена подоцна следуваше одговор.

„Мајк, ќе влезам во ринг и ќе се борам со тебе ако ми ветиш дека потоа ќе имаме реванш во октагон. Те почитувам и ветувам дека ништо нема да ти скршам“, порача Џоунс.

Последен пат кога боксот и мешаните боречки вештини се вкрстија беше реавијалниот спектакл меѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор во 2017 година, кој се одржа во Лас Вегас.

 

- Оглас -

Најнови вести