Џуд Белингам искрен: „Трпението ми е при крај!“

Реал Мадрид со 3-1 ја победи Пачука и остана во игра за пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство. Белингам по мечот проговори и за својата здравствена состојба, односно за повредата на рамото со која игра веќе подолг период.

„Сè е во ред, болката веќе не е толку силна. Имам закажана операција неколку дена по финалето на турнирот и се радувам што конечно овој проблем ќе биде решен. Оваа ситуација трае веќе долго време. Играв со корсет прилично долго време и трпението ми е при крај. Лекарите и персоналот беа одлични, но јас сум подготвен да се ослободам од непријатноста во рамото“, вели Белингам.

Тоа значи дека англискиот репрезентативец ќе го пропушти почетокот на подготовките на Реал Мадрид за следната сезона, а најверојатно и првите натпревари кои ќе се играат до септемврискиот прозорец за репрезентативните мечеви.

- Оглас -

Најнови вести